Tuesday, Apr 16, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеУниверзална сала ќе си го задржи препознатливиот изглед по идејата на „Архангел бојс“

Универзална сала ќе си го задржи препознатливиот изглед по идејата на „Архангел бојс“

Објектот на Конгресен Центар Александар Македонски (Универзална сала) ќе се догради и прошири врз основа на идејното решение избрано пред 8 години, а изработено од „Архангел бојс“. Ова се вели во денешната реакција на Град Скопје откако викендов се појавија шпекулации во врска со наводното идејно решение за реконструкција и надградба на Универзалната сала, изработено од скопскиот бизнисмен, Зоран Илиев Роџер.

„Во наредниов период, ќе биде неопходно допроектирање со дополнителни содржини и други елементи, но во основа, проектот ќе остане ист“, се вели во реакцијата ан Град Скопје.

Универзална е комплетен носител на проектот, а останува договореното доградбата на објектот да биде финансирана со средства од владиниот буџет. Инаку, минатата недела надлежните од Универзална сала распишаа оглас за измена и дополнување на проектите за реконструкција со доградба и надградба на постојниот објект.

Градоначалникот Коце Трајановски истакна дека старо-новата Универзална сала ќе го задржи препознатливиот изглед. Ќе ја има препознатливата купола, ќе биде збогатена соо дополнителни сали и други придружни содржини, а ќе биде решено и паркирањето.