Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеУниверзална сала ќе се руши на пролет

Универзална сала ќе се руши на пролет

Универзална сала ќе се урива следната година, напролет. Во моментов фирмата „Архи груп план“ го изработува основниот проект за салата, кој треба да биде готов до јануари, по што се очекува да почне постапката за уривање. Во Универзалната сала веќе половина година не се одржуваат манифестации, откако во март се урна дел од таванот на објектот.
jajceСпоред идејното решение на авторите Стојан Павлевски и Иван Симеонов, салата ќе биде во јајцевидна форма. Целиот објект ќе го носи името Конгресен центар Александар Македонски. Големата концертна сала со капацитет од 2.500 до 3.000 седишта пак ќе го носи името Тоше Проески, а помалите мултимедијални сали Мајка Тереза и ВМРО. Предвидено е во новиот објект да функционираат и конгресни и билатерални сали.
jajce1