Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаУнитети од поранешните интегративци ќе прерасне во партија

Унитети од поранешните интегративци ќе прерасне во партија

Поранешните членови на ДУИ кои го формираа движењето Единство (Унитети ) најавуваат дека изгледни се шансите да се регистрираат и како политичка партија на албанците која на наредните избори ќе излезе со своја програма и раководство. Единство е предводена од незадоволните членови на ДУИ кои имаа несогласувања со лидерството на Ахмети. Иницијативата за собирање на потписи ја предводи пратеникот Зулфи Адили, а доколку им се остварат намерите постои и можност да коалицираат со движењето на струшкиот градоначалник Зијадин Села или пак со БЕСА како албанска опозиција.