Friday, Apr 19, 2024
HomeАЈНШТАЈНИЈААрхеологија и ИсторијаУништен славен цртеж стар 5.000 години

Уништен славен цртеж стар 5.000 години

Омилениот норвешки пештерски цртеж на кој се прикажани скијаши на север од Норвешка на островот Тро, стар 5.000 години, бил уништен во чин кој градоначалникот на Алстахауг го карактеризирал како „вандализам“, но и како „национална трагедија“. Цртежот бил уништен од страна на две млади лица, на кои, според зборовите на градоначалникот на Бард, Андрес Ланго, им било многу жал поради стореното дело.

Тие го изрезбале цртежот уште по длабоко со цел да биде повидлив за посетителите. Тој цртеж бил еден од најпознатите во Норвешка, како и меѓународно претпознатлив симбол на таа земја. Цртежот е еден од најсарите докази за тоа дека човекот од каменото време користел скии, а послужил и како инспирација за симболот на Зимските олимписки игри во Лилехамер во 1994 година. Археолозите сметаат дека направената шета не може да се санира.