HomeДЕНЕШНАСветУништена уште една болница во Алепо

Уништена уште една болница во Алепо

Руските воени авиони и владините сириски поддржувачи продолжуваат со воздушните напади на областите во Алепо кои се под контрола на сепаратистите. Бунтовниците и хуманитарните работници обвинуваат дека во нападите уништиле една од главните болници во градот при што загинале најмалку два пациенти.

Во меѓувреме Русија ги услови САД да не ги напаѓаат сириските владини сили оти тоа би водело до “страшни,тектонски последици не само” во Сирија “туку и целосно во регионот”.

Портпаролот на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова исто така предупреди дека промената на режимот во Сирија ќе остави празнина која терористите брзо ќе ја пополнат.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com