Thursday, Apr 18, 2024
HomeГИГА БАЈТУникатни слики од несудената конзола на Nintendo и Sony

Уникатни слики од несудената конзола на Nintendo и Sony

Кој би рекол дека двата најголеми „непријатели“ Nintendo и Sony пред 25 години ќе се обидат да работат рамо до рамо и да лансираат заедничка конзола наречена SNES-CD. Без оглед на почетната соработка оваа конзола никогаш не беше пуштена во употреба и речиси секој ја има заборавено, се додека не се појави еден од ретките сочувани прототипи.

sony nintendo4

Во текот на CES далечната 1991 година Sony за време на својата презентација пред фановите е сосема убеден дека ќе ја лансираат конзолата SNES-CD која ќе биде една од првите што ќе користи компакт дискови наместо касети, но тогаш ќе бидат шокирани од Nintendo кои ќе им забодат нож во грб и на истиот саем ќе најават дека соработуваат со Philips. Тогашниот директор Кен Кутараги целосно понижен ја добил идејата да лансираат своја конзола која за неколку години ќе го добие својот лик во легендарниот PlayStation( фала многу Nintendo за прљавата игра, ми го разубавевте детството).

sony nintendo2

Сепак, доказот за постоењето на SNES-CD го пронајде мистериозниот Dnldbld кој не го открива својот идентитет, а се претпоставува дека конзолата ја пронашол преку неговиот татко кој бил некогаш соработник на директор во Sony. Како што може да видите од сликите SNES-CD го има логото на Sony и Dnldbld најави доколку најде соодветен кабел ќе ја активира конзолата.