Saturday, Apr 20, 2024
HomeАЈНШТАЈНИЈААтласУникатна природа – Пронајдени албино морски желчиња

Уникатна природа – Пронајдени албино морски желчиња

Албино или целосно бели морски желки се вистинска реткост и биолозите не памтат од кога не сретнале ваков вид во природата. Сега, пронајдени се четири албино морски желчиња на островот Вамизи, Мозамбик. Желчињата ги откриле патрола на биолози кои работат во Мозамбик на мониторинг на видот наречен желки од зеленото море, па ова откритие навистина е уникатно.

The albino green sea turtles surprised researchers on Vamizi Island. Photo: Joana Trindade

Морските желки тешко се размножуваат бидејќи речиси 90 проценти од леглото угинува и само неколку единки успеваат од брегот каде се снесени да стигнат до морето и да продолжат со животот.

Белите желки можеби имаат предност бидејќи нивниот оклоп полесно се вклопува во песокот на плажите и може да се камуфлираат пред предаторите. Инаку албинизмот е генетска деформации и голем дел од овие животни умираат веднаш по раѓањето, но тоа може да биде предност кај овие морски желчиња.