Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаУнгарски камион излета од автопатот Велес – Скопје, возачот загина

Унгарски камион излета од автопатот Велес – Скопје, возачот загина

Товарно возило влекач Сканија со приколка со унгарски регистерски таблички излетал од автопатот Скопје-Велес синоќа околу 1:40 часот.

Според информациите од полицијата, возачот на камионот изгубил контрола над возилото, излетал од автопатот и се превртел во нискостеблеста шума кај населбата Дурутовец. Теренот е непристапен што им ја отежни работата на службите. Возилото е уништено, а возачот кој се наоѓа во кабината, според неофицијалните информации, е загинат. Повеќе детали за несреќата во текот на денот.