Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАСветУнгарија во полн ек ќе ја штити границата од мигранти

Унгарија во полн ек ќе ја штити границата од мигранти

Владата на Унгарија денеска донесе одлука да распореди неколку дополнителни единици на погранична стража на националната полиција која ќе ја контролира границата кон Србија.

Портпаролот на унгарската влада, Злотан Ковач, изјави дека полициските сили ќе бидат распоредени во деловите каде што има прекини на заштитниот ѕид и во оние делови каде што минува железничката пруга.

Се очекува заштитната ограда за илегалните мигранти да биде готова до крајот на месецов.