Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионУнгарија вечерва ја затвора границата со Хрватска

Унгарија вечерва ја затвора границата со Хрватска

Унгарија соопшти дека вечерва на полноќ ќе ја затвори својата граница со Хрватска, во обид да го запре протокот на бегалци кои доаѓаат од Сирија, Ирак, Авганистан и Африка.

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто денеска ја објави одлуката, откако се сретна со унгарските претставници за националната безбедност. Унгарија веќе постави ограда по должината на нејзината граница со Хрватска и со Србија во обид да го запре приливот на мигранти кои влегуваат во земјите членки на Европската унија, преку таканаречената балканска рута.

Земјата ја затвори границата со Србија на 15-ти септември и оттогаш мигрантите одат преку Хрватска да стигнат во Унгарија. Преку 383.000 мигранти влегоа во Унгарија во текот на оваа година.