Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАСветУнгарија обвинета дека ги продава визите на ЕУ

Унгарија обвинета дека ги продава визите на ЕУ

Унгарија, очигледно, за провизија ги продава визите на ЕУ на граѓани од т.н. трети земји, пишува дневниот весник „Естерајх“.

Како што пренесува виенскиот весник, потпретседателот на Социјалдемократската фракција во Европскиот парламент Јозеф Вајденхолцер, ја критикуваше Будимпешта затоа што наводно на странците им нуди дозволи за престој во ЕУ доколку купат државни обврзници во вредност од 300.000 евра.

Оваа понуда ја користат пред се Кинезите, Виетнамците и Турците.

Унгарската влада ги отфрли овие тврдења, но опозицијата го критикува делувањето на власта тврдејќи дека владеjачката партија ФИДЕС со тоа ја доведува во опасност националната безбедност.