Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАСветУнгарија ја суспендира европската спогодба за бегалци – Европската комисија бара објаснување

Унгарија ја суспендира европската спогодба за бегалци – Европската комисија бара објаснување

Унгарија синоќа соопшти дека ја суспендира Даблинската спогодба, европски документ кој се однесува на бегалците за да ги заштити унгарските интереси. Тоа значи дека Унгарија веќе нема да прима бегалци кои во Европската унија влегле преку нејзина територија, а потоа отишле во друга земја на Унијата. Даблинската спогодба подразбира дека барањето за азил во Европа треба да биде разгледанo во првата европска земја во која дошол барателот на азил.
ek
Европската комисија веднаш побара појаснување на ваквиот потег на Будимпешта.
– Бидејќи Даблинскиот догвоор не предвидува можност државата членка која ќе прими азиланти да суспендира нивно преместување, Комисијата бара од Унгарија веднаш да разјасни природа и обем на технички пропуст како и мерки за исправање на ситуацијата- изјави портпарол на ЕК.

Унгарија деновиве соопшти дека на границата со Србија ќе постави ограда за да го запре бранот бегалци.
– Унгарија има капацитети за 2.500 бегалци, а веќе прими 3.000. Бродот е полн. Унгарија нема да може да прими уште десетици илјади даблински случаи – изјави тој за виенски Пресе.

Според наводите на унгарските власти над 60 илјади луѓе илегално влегле во земјата од почетокот на годинава досега.