Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаУнгарија го запира илегалниот влез на мигрантите – вонредна состојба на границата со Србија

Унгарија го запира илегалниот влез на мигрантите – вонредна состојба на границата со Србија

На два јужни окрузи во Унгарија е прогласена вонредна состојба откако на сила стапија новите закони за спречување на илегален влез на мигрантите. Околу 60 лица се уапсени поради обвинение за обид да се пробие оградата со бодликава жица на границата со Србија.

Полицијата се изјасни дека е затворен и премин што го користеа десетици илјади мигранти. По должината на границата е распоредена коњичка полиција.