Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАСветУнгарија до крајот на мај ќе ја постави втората ограда на границата со Србија

Унгарија до крајот на мај ќе ја постави втората ограда на границата со Србија

Унгарија ќе го заврши поставувањето на втората ограда долж границата со Србија до крајот на мај и така ќе може да одбие можен нов бран на мигранти кои доаѓаат од Турција- изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Орбан истакна дека Европската унија греши со тоа што се потпира единствено на Турција за запирање на миграцијата, а истовремено ја критикува.

-Дефинитивно не е паметна политиката што ја оставаме безбедноста во рацете на Турците, а истовремено не престануваме да ги критикуваме, да ги напаѓаме дека не постапуваат доволно демократски и со нив да создаваме нови конфликти- истакна Орбан.