Tuesday, Apr 16, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионУнгарија брза да ја изгради оградата – работат и затворениците

Унгарија брза да ја изгради оградата – работат и затворениците

На Унгарија и се брза да ја постави оградата против мигрантите. Изградбата изгледа како сцена од воен филм. Оградата ја градат војници, но и затвореници од унгарските затвори. Ќе бидат вклучени повеќе од 900 луѓе. Ѕидот ќе биде со должина од 175 километри, а се очекува да биде завршен до 30 ноември. Унгарскиот министер за одбрана, Чаба Хенде денеска најави дека оградата ќе се гради на 12 различни локации.
migranti1
migranti2А вчера се протестираше во Будимпешта против подигнувањето на жичената ограда. Околу 1000 демонстранти, со транспаренти, и рекоа НЕ на оградата. Тие развлекоа 15 метри долга жичана ограда, симболично протестирајќи против владината одлука. Оградата наиде на осуда од речиси целата Европска унија, како и од соседот Србија.
migranti3