Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаУНЕСКО не размислува да го тргне Охрид од листата на заштитени природни богатства

УНЕСКО не размислува да го тргне Охрид од листата на заштитени природни богатства

Тројца експерти од Светската организација за заштита на природното и културно наследство деновиве ќе вршат мониторинг во Охрид. При денешната посета тие ги демантираа тврдењата дека размислуваат Охрид да го тргнат од листата на заштитени природни богатства.

– Никогаш не било разгледувано прашањето Охрид да биде избришан од листата на светските заштитени природни и кутурни богатства на УНЕСКО. Тоа денеска го изјави Ања Сидоренко, пренесува Алсат-М.

Сидоренко и нејзините колеги во Охрид вршат увид во спроведените активности на терен и на крај ќе дадат оценка колку се почитуваат нивните препораки за обемот на градежните зафати и нивното влијание врз животната средина и културното наследство. Денеска имаа средба со раководството на „Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид“, следни се Античкиот театар, Плаошник, црквите „Света Богодорица Перивлепта“, „Света Софија“ Галеријата на икони и објекти на кои се преземени конзерваторски активности.

-Остваривме средба со цел да го видиме прогресот и напорите на локалните и националните власти во заштитата на културното наследство и спроведувањето на забелешките на УНЕСКО изнесени на минатогодишната 40-та седница на организацијата одржана во Истанбул, рече Сидоренко.