Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионУНЕСКО ја прогласи Атина за светска престолнина на книгата за 2018

УНЕСКО ја прогласи Атина за светска престолнина на книгата за 2018

Атина е прогласена за Светска престолнина на книгата за 2018 година, од страна на УНЕСКО, јавува „Прото тема”.

Програмата вклучува средби со писатели, преведувачи и илустратори, потоа – концерти, тематски изложби, поетски читања и работилници од сферата на издавачката дејност. Целта на програмата е да ги направи книгите подостапни за целото население во главниот град, вклучително и за мигрантите и бегалците. Членовите на Консултативниот комитет исто така ја разгледуваа културната инфраструктура на Атина и можностите за организација на меѓународни настани.

Атина ќе биде 18-та Светска прстолнина на книгата. Претходно, приматот им припадна на Мадрид (2001), Александрија (2002), Њу Делхи (2003), Антверпен (2004), Монтреал (2005), Торино (2006), Богота (2007), Амстердам (2008), Бејрут (2009), Љубљана (2010), Буенос Аирес (2011), Ереван (2012), Бангкок (2013), Порт Харкорт (2014), Инчон (2015), Вроцлав (2016) и Конакри (2017).

МИА