Thursday, Mar 30, 2017
HomeДЕНЕШНАСветУНЕСКО го заштити местото каде Јован Крстител го покрстил Исус

УНЕСКО го заштити местото каде Јован Крстител го покрстил Исус

УНЕСКО вклучи нови објекти во списокот на светско наследство. Меѓу нив е местото Бетани, на Западниот Брег на реката Јордан, каде Јован Крстител го покрстил Исус Христос. Одлуката беше донесена од Меѓународниот комитет на УНЕСКО за зачувување на културното наследство, на состанок во Бон, Германија.

Јамајка се здоби со прв објект во списокот – Блу Маунтин, планински регион во југоисточниот дел на островот, каде засолниште наоѓале локални Индијанци, а потоа и избегани африкански робови. УНЕСКО во списокот на културно наследство вклучи и објекти на италијанскиот остров Сицилија, катедралите во Чефалу и Монреале.
hatra
Историскиот центар на јеменската претолнина Сана беше вклучен во меѓувреме во списокот на светско наследство на УНЕСКО, што е во опасност. Тоа се случи поради конфликтот во земјата, како резултат на што беа нанесени сериозни штети на Стариот град на Сана.

УНЕСКО посочи во резолуција дека го зел предвид разурнувањето од ИД на древниот град Хатра во Ирак и изрази длабока загриженост во однос на сириското археолошко богатство Палмира, кој џихадистите го презедоа во мај. И двата објекта се во списокот на светското наследство на организацијата со седиште во Париз.
– Намерните напади врз згради со религиозна, едукативна, културна, научна намена и историски споменици може да е еднакво на воено злосторство, се наведува во резолуцијата.