Friday, Apr 19, 2024
HomeГИГА БАЈТСмартфонHTC ја разочара јавноста со „изненадувањето“

HTC ја разочара јавноста со „изненадувањето“

Денешната промоција на HTC крена многу фама во јавноста бидејќи поголемиот дел од фановите го очекуваа премиум моделот HTC 11, но наместо тоа не беше претставен никаков нов смартфон, туку само полуксузна верзија на HTC U Ultra со сафири во маската.
HTC не откри ни повеќе специфични детали за U Ultra Sapphire смартфонот и каков се вид на сафирна заштита поседува, дали има обложено стакло на екранот или пак само на задната страна на маската.
Уште повеќе разочарува тоа што HTC U Ultra Sapphire има идентични спецификации како и стандардниот модел, само со поголема меморија од 128 GB, додека ништо друго не е сменето или подобрено, а цената изнесува неверојатни 945 долари.test pozitiv facebook