HomeФЕР ПЛЕЈФудбалЈунајтед влезе во трка за напаѓач од 60 милиони

Јунајтед влезе во трка за напаѓач од 60 милиони

2611116_big-lnd449520020150608121305

Напаѓачот на Порто ќе биде една од потенцијалните ѕвезди на летниот трансфер период. Фудбалскиот клуб Манчестер Јунајтед влезе во трка за напаѓачот на Порто Андре Силва. Како што пренесуваат англиските медиуми, овој 21-годишен фудбалер со своите партии во Лигата на шампионите оваа сезона го сврте вниманието на големите европски клубови.

Реал Мадрид и Манчестер Сити веќе ги следат неговите партии, а сега во трката се вклучи и Јунајтед. Неговата откупна клаузула изнесува 60 милиони евра откако потпиша нов договор пред почетокот на оваа сезона. За потсетување на мета на Јунајтед се наоѓаат уште неколку фудбалери, пред се дефанзивци како Фабињо и Линделоф, додека Жозе Мурињо го посакува и Иван Раќитиќ.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com