HomeФЕР ПЛЕЈФудбалЈунајтед мора да плати 40 милиони за најголемата желба на Мурињо?

Јунајтед мора да плати 40 милиони за најголемата желба на Мурињо?

Одредена е цената, ќе прифати ли Јунајтед? Манчестер Јунајтед сака да го доведе десниот бек на Монако-Фабињо, но за негов трансфер ќе мора да издвои дури 40 милиони евра. Жозе Мурињо нема многу избор, Антонио Валенсија е прва алтернатива на десната бековска позиција, додека отпишаниот Матео Дармијан клубот ќе го напушти уште во јануари.

Италијанецот оваа сезона одигра само еден натпревар и тоа во Лига Европа, а за него најголем интерес покажа Интер, иако се споменува и интерес од Барселона.

Како поддршка и конкуренција за Валенсија на десната страна би требало да пристигне Бразилецот Фабињо од Монако, но преговорите нема да бидат воопшто лесни. Монако е свесен колку му е потребен нов десен бек на Јунајтед, па затоа ќе ја држат цената и ќе ги чекаат англичаните.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com