HomeФЕР ПЛЕЈФудбалЈунајтед и Интер веќе го склучија првиот голем трансфер за јануари!

Јунајтед и Интер веќе го склучија првиот голем трансфер за јануари!

Повеќе нема дилеми, Италијанецот ќе се врати во Серија А. Матео Дармијан ќе биде прво засилување за Интер во зимскиот трансфер период, бидејќи Манчестер Јунајтед се согласи да му го продаде на миланскиот клуб. Како што пренесуваат италијанските медиуми, Жозе Мурињо го отпишал овој десен бек и му порачал на клубот дека тој може слободно дабиде продаден уште во јануари. Сепак, тој би требало на зима да оди на позајмица во Интер, со можност за откуп на договорот на крајот на сезоната.

Дармијан минатото лето стигна во Јунајтед од Торино за 20 милиони евра, кај Ван Гал беше стандарден, но сега неговата позиција ја презема Антонио Валенсија. Нема сомневање дека Дармијан би бил големо засилување за тимот на Франк Де Бур кој има големи проблеми на бековските позиции, а не треба да се заборави дека фудбалерот на Јунајтед може да играи како лев и како десен бек.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com