HomeДЕНЕШНАСветУлјукаев, рускиот министер за економија, може да се најде зад решетки

Улјукаев, рускиот министер за економија, може да се најде зад решетки

aleksej-ulujkaev

Рускиот министер за економија Алексеј Улјукаев е приведен под сомнение дека зел мито од два милиона долари за издавање позитивна оценка со која нафтената компанија Роснефт добила 50 отсто од Башнефт.

Улјукаев е највисок државен претставник уапсен во Русија по обидот за преврат во 1991 година. Рускиот истражен комитет наведе дека претстои Улјукаев да биде обвинет. Тој бил уапсен ноќеска и изведен пред истражен судија.

Роснефт кој е под контрола на Кремљ купи 50 отсто од Башнефт за 330 милиони рубљи (пет милијарди долари) во октомври. Порптаролот на Кремљ рече дека обвинението проив него е сериозно.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com