HomeФЕР ПЛЕЈАвтомобилизамУлтимативни фабрики за суперавтомобили за кои што никогаш не сте слушнале

Ултимативни фабрики за суперавтомобили за кои што никогаш не сте слушнале

ultimate-factories

Постојат фабрики за автомобили во светот, кои што произведуваат супер автомобили, но најверојатно вие никогаш не сте слушнале за нив. Но зошто е тоа така? Бидејќи големите компании се обидуваат да ги пласираат на пазарот само своите производи и ги поттурнуваат надоле овие производители на автомобили.

Големите компании не сакаат и не дозволуваат некој друг играч да им ја превземе нивната игра. Но, како и секогаш ние сме тука за да се открие вистината, да ви покажеме дека има и други производители на автомобили што прават подобри автомобили дури и од Порше и Мерцедес. А кои се тие производители ?

ultimate-factory-supercars

Arrinera

Овој полски производител Arrinera прави толку големи и убави супер автомобили, но ние ни еднаш во нашиот живот не сме слушнале за тоа. Каросеријата на овој суперавтомобил е одлично дизајнирана и е помината низ многу аеродинамични тестови за да дојде до фаза на конечно производство. Овој суперавтомобил развива брзина од 340 км на час така што другите автомобилски производители можат да му позавидат.

AD Tramontana

AD Tramontana е шпански производител кој што исто така произведува одлични суперавтомобили. Концептот и дизајнот на овие автомобили се многу необични за наше време. Достигнуваат крајна брзина од 202 км на час. Постои верзија со едно седиште и верзија со две седишта.

supercar-avanti

DC Avanti

DC Avanti е спортски автомобил произведен од страна на DC design, индиска дизајнерска фирма. Овој автомобил беше презентиран на саемот за коли во 2012 во Њу Делхи. Овој супер автомобил Аванти се напојува со 2.0-литарски четири цилиндричен турбо бензински мотор со 250 КС, и има шест-брзински мануелен менувач.  Рамката на автомобилот е направена од композитен висококвалитетен челик а шасијата се состои од карбонски композит за да сесе направи полесно возило.

supercar-factory

Superlite SL-C

Superlite SL-C  автомобилот е дизајниран и конструиран од страна на мала група на посветени инженери, дизајнери и конструктори.

Овој суперавтомобил има модерна шасија со правилна суспензија, како и одличен изглед на каросеријата со врвна монтажа и финиш. Дали овој автомобил е толку брз како што изгледа- или пак само изгледа како тркачки автомобил?

Овој автомобил не само што победи на неколку трки, туку и постави нови рекорди на неколку тркачки патеки, на патот кон освојување 2011 NASA Super Unlimited class National Championship. Исто така доминираше во Националното првенство, завземајќи  пол-позиција на секоја трка, освојувајќи ги двете квалификациски трки, и последната трка во националниот шампионат.

Погледнете го видеото подоле и дознајте и слушнете и за останатите помалку познати суперавтомобили.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com