HomeАЈНШТАЈНИЈААтласУловена отровна риба во Грција, може да убие 30 луѓе – нема познат противотров

Уловена отровна риба во Грција, може да убие 30 луѓе – нема познат противотров

lagocephalus-sceleratus-riba-otrovna-grcija

Во Грција беше уловена опасна риба, чиј отров може да убие 30 луѓе, објави електронското издание на грчкиот весник „Прото тема”. Рибата е фатена на островот Крит и е од видот лагокефал (Lagocephalus sceleratus). Уловениот примерок е со големина од околу половина метар, пренесува БТА.

Лагокефалот, кој се среќава источно од островот Крит, но и во други области на Грција е вториот најтоксичен животински примерок на планетата. Тој е исклучителен предатор, претставува голема закана за екосистемот и е многу опасен за луѓето.

Рибата има отров што може да убие 30 луѓе и нема познат противотров. Лагокефалот се среќава главно во Индискиот и Тихиот Океан. Во 2003 година, сепак се појави во Медитеранот и Егејското Море.

Инаку, познавачите ја јадат рибата, но откако ќе го отстранат делот со отровот. Доколку се консумира пред да се отстрани делот каде е отровот тетродотоксин, може да предизвика респираторни нарушувања, проблеми во моторниот систем, мускулна парализа, па дури и смрт.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com