Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеУлицата „Димитрија Чуповски“ во ново руво – предвидена урбана пешачка зона

Улицата „Димитрија Чуповски“ во ново руво – предвидена урбана пешачка зона

Идеја стара десет години можно е да прерасне во реализација. Имено, улицата „Димитрија Чуповски“ во строгиот центар на Скопје, согласно последните измени на детаљниот урбанистички план за „Мал ринг“ ќе стане шеталиште, а по коловозот ќе може да се движат само автобусите од јавниот превоз.

Општина Центар овие измени во планот ги вметнала на барање на Град Скопје. Планот предвидува пешачката зона да го заземе делот од трговскиот центар „Палома бјанка“ до раскрсницата пред Собранието на Република Македонија.

Ако градот добие уште една урбана пешачка зона во строгиот центар, Градот планира да ги обнови во класичен стил фасадите на речиси сите станбени објекти што се покрај улицата.