Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеУличните музичари ги забавуваа патниците на ЈСП

Уличните музичари ги забавуваа патниците на ЈСП

Младите музичари кои се ангажирани од град Скопје на повеќе локации низ главниот град ја сменија „сцената“ и настапија пред патниците во автобусите на ЈСП како едно од најпријатните изненадувања. Со оглед на секојдневните гужви кој од работа, кој од училиште, добро е да се види позитивна промена во автобусите и да се подигне расположението на патниците во нивната секојдневна рута на патување.

muzicari jsp2

Во автобусите на ЈСП настапија два бенда од кои едниот е „Метаверсус“, кој настапува со македонска и странска рок и поп музика, а другиот е „Сирин“ со својот ориентален стил и етно звуци.