Wednesday, Apr 24, 2024
HomeАЈНШТАЈНИЈААтласУкрал виолина вредна 120.000 евра, па ја вратил

Украл виолина вредна 120.000 евра, па ја вратил

Непознат крадец, пред околу два месеца, возејќи се во воз кој се обраќал на линијата Минхен-Старнберг, украл багаж во кој се наоѓала и виолина вредна 120.000 евра. Тој мислел дека станува збор за некаков обичен инструмент кој за неколку стотици евра ќе го продаде на црниот пазар.

Сопствениците на виолината, ја ставиле на решетката за багаж и таму ја заборавиле кога се симнувале од возот.

Мажот е обвинет за кражба и за измама. Снимките од камерите покажуваат дека тој го отворил куферот со инструментот и откако видел што има во него брзо заминал со него. Според тоа полицијата веднаш објавила „лов“ на крадецот. Само првата вечер полицијата примила повеќе од 100 дојави од граѓаните.

Врз основа на овие информации Германската сојузна полиција веќе му била на траг на крадецот кога им се јавил 35-годишниот маж и изразил желба да го врати вредниот инструмент. Според неговите зборови, тој „не знаел дека виолината е толку вредна“. Набрзо полицијата го посетила во станот и ја преземала виолината.

Службениците во полицијата ја вратиле виолината на сопствениците кои се увериле дека навистина станува збор за нивниот инструмент, кој за среќа не бил оштетен.