Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАСветУкраина подготвува тужба против Русија во Хаг

Украина подготвува тужба против Русија во Хаг

Украина подготвува судска постапка против Русија пред Меѓународниот суд на ОН во Хаг, изјави украинскиот министер за правда Павел Петренко.

Претходно Киев веќе има покренато четири парници против Русија пред Европскиот суд за човекови права, со кои бара од Москва отштета за случувањата на Крим и во Донбас.

Следниот месец Киев планира да поднесе уште една тужба против Москва пред Европскиот суд, која ќе се однесува на забрана на парламентот на кримско-татарскиот народ.

– Постои уште еден одвоен случај, кој заедно со Министерството за надворешни работи го подготвуваме за судот во Хаг. Нема да откривам детали, наскоро ќе дознаете за него – истакна Петренко.