Friday, Apr 19, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузикаУкраина го избра Киев за домаќин на „Евросонг 2017“

Украина го избра Киев за домаќин на „Евросонг 2017“

Украина соопшти дека „Евросонг 2017“ ќе се одржи во главниот град на оваа земја. Украина е домаќин на натпреварувањето „Песна за Евровозија“ идната годината бидејќи украинската пејачка Џамбала победи на оваа година во Стокхолм. Организациониот одбор за „Евросон 2017“ соопшти дека Киев победи во трката за домаќин на ова натпреварување пред Одеса, град на Црното море.

Имаше дури и најава дека Украина и можела како политички гест за домаќинот на „Евросонг“ да избере некој град на Крим. Руската агенција „ТАС“ ја пренесе изјавата на украинскиот министер за култура Јевхен Нишчијку дека земјата ќе потроши околу 45 милиони долари за организација на ова натпреварување.