Monday, Oct 16, 2017
HomeДЕНЕШНАСкопјеУкрадени накит и пари во две кражби во Скопје

Украдени накит и пари во две кражби во Скопје

Во текот на вчерашниот ден од куќа на ул.„Никола Вукмиров“ во Скопје се украдени накит и пари во вредност од 360.000 денари, а од стан на ул. Социјалистичка зора“ во вредност од 90.000 денари, информира денеска полицијата.

Засега непознат сторител од куќата, сопственост на Д.Б.(37), одзел златен накит и 450 евра, а од станот сопственост на К.Т. (65) исто така непознат сторител украл златен накит, 750 евра и 4.500 денари.

Се преземаат мерки за расчистување на случаите.