Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаУкрадена голема сума на пари од спортска обложувалница во Скопје

Украдена голема сума на пари од спортска обложувалница во Скопје

Вчера околу 22.15 часот во Скопје во спортска обложувалница на ул. „Марко Крале“ непознат сторител извршил разбојништво над вработениот.

Сторителот со тупаница го удрил вработениот и од рацете му одзел една црна кеса во која имало околу 200.000 денари.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.