Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаУкраден мртов пациент од струмичката болница

Украден мртов пациент од струмичката болница

 

Неверојатно, како сцена од филм, на социјалните мрежи проструи информацијата дека утринава од амбулантата на Инфективното одделение во Струмица е украден починат пациент. Во својот исказ, за овој бизарен случај, директорот на болницата Наќе Гогов, изјави дека 49-годишен пациент од градот, утрово околу 09 часот бил хоспитализиран во инфективната амбуланта. Симптомите кои ги покажувал биле висока температура, висок крвен притисок и малаксаност, но за кратко време починал.

 

Веднаш по настапувањето на смртта, неговите најблиски роднини во група од дваесеттина други луѓе, влегле во амбулантата и сосе кревет го извадиле од болницата, го ставиле во комбе, кое ги чекало надвор иго транспортирале дома. Вработените во болницата, со вчудоневиденост го прателе случајот, непреземајќи дејствија со кои ќе го спречат изнесувањето на мртовецот, се со цел да не придизвикаат поголем инцидент.

Овој случај е пријавен во полицијата, за да работи на негово расчистување.