Tuesday, Apr 16, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаУкинување на законот за плаќање придонеси за хонорарците од 1-ви август

Укинување на законот за плаќање придонеси за хонорарците од 1-ви август

На вчерашната владина седница е одлучено да се укине плаќањето на придонеси за договорите на дело, како и авторските и слични договори. Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување за хонорарците последен пат претрпе измени на стартот од оваа година, но Владата сепак се одлучи на поништување на законот поради тоа што со други мерки кои ги таа донела се исцрпеле ефектите кои што беше предвидено да се постигнат.

Министерот за финанси Зоран Ставрески подетално ја објасни оваа ситуација:
„Во последните три месеци се реализира проектот Македонија вработува, каде што имаме мерка која што овозможува ослободување во период од 1-5 години од плаќањето на придонеси на лица кои што ќе бидат вработени во приватниот сектор. Со тоа практично околу 4.000 лица во Република Македонија веќе се имаат стекнато со статус редовен работен однос и за истите се плаќаат придонесите и за пензиско и за здравствено осигурување.“

Само за потсетување, со овој закон беше предвидено хонорарците да плаќаат околу 35 проценти на сумата остварена над минималната плата од 9.590 денари, а вработените за остварена сума хонорари поголема од просечната плата.