Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаУКИМ го објави конкурсот за новата академска година

УКИМ го објави конкурсот за новата академска година

Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ денеска го објави конкурсот за академската 2016/17 година додипломски студии. Во рамки на универзитетот, за сите студиски програми, слободни се вкупно 10 535 места. За редовни студенти во државна квота, резеревирани се 6 606 места, додека за редовни студенти со кофинансирање обезбедени се 2 819 места. Наредната академска година ќе бидат примени и 1 110 вонредни студенти.

Студентите во државна квота ќе плаќаат 200 евра за година, односно 100 за дисперзирани студиски програми. Оние со кофинансирање ќе плаќаат помеѓу 100 и 400 евра.

Првиот уписен рок ќе биде на 18-ти и 19-ти август, додека вториот за дополнување на празните места ќе биде на 5-ти септември. Онаму каде ќе останат непополнети места ќе се организира и трет уписен рок на 15-ти септември, заедно со почетокот на академската година.