Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаУЈП ќе почне со присилна наплата на радиодифузна такса

УЈП ќе почне со присилна наплата на радиодифузна такса

Управата за Јавни Приходи ги повикува граќаните кои имаат неподмирени долгови за Радиодифузна такса, тоа да го сторат во најкраток временски период, бидејќи ќе отпочнат со активности за присилно наплаќање. За да не бидат изложени на блокирање на сметки и дополнителни трошоци, обрврзниците се препорачува навреме да проверат дали имаат заостанат долг и истите доброволно да ги платат.

За брзо плаќање, без чекање на шалтери и со помали трошоци, УЈП препорачува да се користат безготовинските картички, односно електронската услуга „е-радиодифузна такса“.

Уплата, увид во евиденцијата за РДТ и преглед на платени и неплатени решенија може да се врши и со апликацијата „м-даночни сервиси“ преку паметните телефони.