Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаУЈП ги чешла сметките на целото семејство Ставрески

УЈП ги чешла сметките на целото семејство Ставрески

Управата за јавни приходи (УЈП) побарала детални информации за состојбите на сметките на целото семејство на поранешниот министер за финансии Зоран Ставрески, како и за семејството на пратеникот од СДСМ Петре Шилегов, почнувајќи од 01. јануари 2012 година до сега, дознава Плусинфо.

УЈП барала податоци за приливи и одливи на девизни и денарски сметки, како и на штедни книшки, вклучувајќи податоци за налогодавач и краен корисник. Се барале и податоци за кредити и за нивна исплата, рати и договори за подигнување кредити.Барањето на УЈП е поднесено на 18 април годинава.
ujp

Останува отворено прашањето зошто УЈП го чешла контото на семејството Ставрески, кој е кум на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер Никола Груевски, и долго време беше негова десна рака. Како што е познато, во „бомбите“ што ги објави СДСМ, Ставрески беше тој кој призна дека државата безмилосно троши пари за чоколадо, а нема ни за леб.
uujp1