HomeДЕНЕШНАСкопјеУгостителите јасни – изградбата на улица покрај кејот е неприфатлива

Угостителите јасни – изградбата на улица покрај кејот е неприфатлива

Одлуката на градоначалникот и Советот на општина Центар за забрана за градба на проектираната улица покрај кејот на реката Вардар е најприфатливата идеја за сопствениците на угостителските објекти кои ги имаат во близина. Потенцираат дека не смеат да им се уништат благодетите на илјадниците туристи кои секојдневно уживаат во убавините на Кејот „13 Ноември“.


„Ги повикуваме сите засегнати институции (двата градоначалници Г-нот Трајановски и Г-динот Жерновски) како и стручната јавност и граѓаните, активно да се приклучат кон оваа иницијатива за изнаоѓање на трајно решение бидејќи кејот е јавен простор кој го користиме сите. Изградба на планираната улица како што е моментално предвидена, целосно би го уништила кејот и би го попречила слободнотo движење на граѓаните“. – стои во соопштението од сопствениците.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com