HomeДЕНЕШНАРепублика“Југохром“ ги гасне печките на полноќ – работниците на принуден одмор

“Југохром“ ги гасне печките на полноќ – работниците на принуден одмор

269929-odobreno-otvoranje-sudska-procedura-za-stechaj-na-jugohrom

Од ноќеска на полноќ компанијата „Југохром“ ги гасне печките и престанува со работа. По вчерашното барање за затворање на инспекторатот за животна средина заради истекувањето на рокот за поставување филтри, ќе се одлучува што ќе се случува со 700-та вработени, истакна генералниот директор на Југохром Васко Скендеровски.

Министерот за животна средина Башким Амети вчера оствари средба и со градоначалничката на општина Тетово, Теута Арифи, и се согласија дека оваа одлука е во прилог на сите граѓани на Полошко, иако е тешко донесена заради големиот број на вработени.

Од „Југохром“ велат дека причина за пролонгирањето на постапката за поставување филтри е административната работа. Скендеровски рече дека дури во јули годинава ја добиле градежната дозвола, но ќе бараат уште едно одложување на рокот за 18 месеци, за конечно да бидат поставени филтрите.

POST TAGS:
Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com