Thursday, Mar 28, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалУЕФА започна постапка против Хрватска и Турција

УЕФА започна постапка против Хрватска и Турција

Европската фудбалска унија започна дисциплинска постапка против Сојузот на Хрватска и Турција поради немирите кои ги предизвикаа нивните навивачи за време на нивните натпреевари во рамките на Европското првенство во Франција. Двата Сојузи би можеле да бидат казнети поради тоа што навивачите фрлаa предмети и се однесуваа крајно непримерно за време на натпреварите. Хрватска се наоѓа на удар и поради „расистичко однесување“.

Инцидентите се случија во петокот за време на натпреварите Шпанија-Турција и Чешка-Хрватска. Хрватските навивачи при водство на нивната репрезентација од 2:1 направија голем инциденти, а еден редар беше и повреден.