HomeФЕР ПЛЕЈФудбалУЕФА транспарентна – Еве колку заработија Вардар, Работнички, Шкендија…

УЕФА транспарентна – Еве колку заработија Вардар, Работнички, Шкендија…

vardar-rabotnicki

Европската куќа на фудбалот го исполни ветувањето дека транспарентно ќе ги објавува финансиите што ќе го добиваат клубовите за своите настапи на меѓународната сцена – пишува Екипа. УЕФА вчера на својот официјален сајт објави дека за сезоната 2015/16 се поделени 411 милиони евра на клубовите што настапувале во квалификациите и во групните фази од Лигата на шампионите и Лигата на Европа.

На македонските клубови во сезоната 2015/16 им се поделени вкупно 1.810.000 евра, а најмногу заработи Работнички, кој стигна до плејоф-колото од Лигата на Европа. „Романтичарите“ инкасираа вкупно 860.000 евра и тоа 630.000 евра за победите во првите три квалификациски кола, и уште 230.000 евра за елиминацијата во плејоф-колото од Лигата на Европа.

Вардар заработи 550.000 евра за настапот до второто квалификациско коло од Лигата на шампионите. Македонскиот шампион за настапот во второто коло од квалификациите за ЛШ заработи 300.000 евра, како и дополнителни пари од „солидарност“ за елиминацијата – 250.000 евра.

Шкендија и Ренова минатата сезона испаднаа во првото квалификациско коло од Лигата на Европа и со тоа им се доделени по 200.000 евра.

Јасно е дека за сезоната 2016/17 во Европа, Шкендија ќе го добие бонусот што минатата година го доби Работнички, односно 860.000 евра. Вардар како шампион кој е елиминиран во второто коло од квалификациите во ЛШ ќе заработи 550.000 евра, а Работнички и Силекс ќе добијат по 200.000 евра, затоа што беа елиминирани во првото коло од квалификациите во Лигата на Европа.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com