HomeФЕР ПЛЕЈФудбалУЕФА: Играчите да не слават со децата на теренот

УЕФА: Играчите да не слават со децата на теренот

Директорот на Европското првенство, Мартин Кален, им даде инструкции на полуфиналистите на Европското првенство, да не слават со децата на теренот.

На Европската куќа на фудбалот не и се допаѓа практиката на играчите да ги прославуваат победите и успехот заедно со своите деца долу на теренот, па денеска беа испратени инструкции до полуфиналистите, Велс, Португалија, Германија и Франција.

-„Ова е Европско првенство а не семејна забава… стадионот не е најбезбедно место за малите деца“, вели директорот на првенството, Мартин Кален.

Тој појаснува дека УЕФА стравува за безбедноста и ризикот од евентуално влегување на публиката на теренот.

-„Знам дека сликата е убава. Не сме 100% против ова, едноставно сакаме да бидеме претпазливи”, вели Кален.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com