Thursday, Mar 28, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалУЕФА го суспендира албанскиот шампион Скендербег

УЕФА го суспендира албанскиот шампион Скендербег

Шампионот на Албанија, Скендербег од Корча, соопшти дека од страна на УЕФА клубот е суспендиран на една година од европските натпреварувања поради местење на натпревари.
Клубот во своето соопштение потенцира дека „УЕФА неправедно го суспендирала клубот од сите европски натпреварувања во сезоната 2016/2017“.
Инаку, УЕФА покрена истрага против Скендербег и некои други тимови од неколку други национални шампионати, врз основа на информации добиени од навивачи, медиуми и обложувалници.
Лидерите на клубот најавија дека правдата ќе ја бараат пред Спортскиот суд за арбитража во Лозана. Како што тие тврдат, поседуваат документи за да ја докажат својата невиност и со тоа да го потврдат чесното освојување на шестата последователна круна.