Friday, Apr 19, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалУЕФА дозволи дерби на Градски, Маракана, Максимир

УЕФА дозволи дерби на Градски, Маракана, Максимир

УЕФА даде зелено светло за формирање на Регионална лига на земјите од поранешна Југославија што е долгогодишна желба на локалните фудбалски федарции. Тоа значи дека наскоро повторно ќе се вратат децениските дерби натпревари на Градски, Маракана, Максимир и останатите големи стадиони ширум поранешните републики. Во новата лига ќе има од 12 до 14 екипи од Хрватска, Србија, Словенија, Македонија, БиХ и Црна Гора, а шампионот би обезбедил директен пласман во Лигата на Шампиони.