HomeДЕНЕШНАПолитикаЉудмил Кљусев ќе оди во затвор

Људмил Кљусев ќе оди во затвор

ljudmil_kljusev

Според одредени судски документ Људмил Кљусев, кој бил сопственик на психијатриска установа во Милфорд, ги препишувал лековите „адерал“ и „занекс“ на пациенти кои за рецептите плаќале во готово. Истрагата која вклучувала полицаец на тајна задача кој се преставувал како пациент открила дека Кљусев Во 2014 и 2015 година незаконски фактурирал околу 76 илјади долари за лажно извршени медицински услуги. Државниот правобранител од државата конектикат вели дека Кљусев направил сериозно кривично дело

„Овој доктор продавал строго контролирани лекови за пари како да е обичен дилер на дрога. Откривме дека видот на апчињата што тој ги препишувал придонесуваат за смртни случаи предизвикани од предозирање. Тие се многу опасни ако не се земаат соодветно и се практично токсични ако се мешаат со опијати.“ – изјави Деирдре Дали, државен правобранител на Конектикат

За кривичното дело кое го направил Кљусев предвидена е казна од 10 до 20 години затвор, но откако тој ја признал вината спогодбено ќе одлежи од две до 6 и пол години, казна која ќе ја одреди судот. Од канцеларијата на Кљусев на денот на апсењето биле запленети 173 илјади долари, тој се согласил да се откаже од дополнителни 117 илјади долари кои биле на неговата службена сметка, и да плати надомест во износ од 76 илјади долари.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com