Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаУчениците се враќаат во училишните клупи

Учениците се враќаат во училишните клупи

Заврши зимскиот распут за учениците. За околу 270.000 ученици во основните и во средните училишта денеска е прв училишен ден во второто полугодие од учебната 2015/2016 година. Учениците кои беа на распуст од 30 декември 2015 денеска се враќаат во училишните клупи.

По повеќе од еден месец учениците од општина Тетово се враќаат на настава. Поради загадениот воздух за нив распустот почна порано уште на 17 декември. Сепак учениците нема да имаат поголем распуст. Во второто полугодие ќе треба да се надополнат пропуштените часови.