Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаУчениците и хотелиерите ќе бидат најсреќни ако продолжи распустот

Учениците и хотелиерите ќе бидат најсреќни ако продолжи распустот

Речиси секоја година се актуелизира темата за продолжување на летниот распуст и учебната година да започне од 15 септември. Барањата најчесто ги изнесуваат угостителите и хотелиерите за продолжување на летната сезона и искористување на уште две недели на топло време, а други пак се загрижени за високите температури.

Оваа година Министерството за образование изјави дека ќе ја разгледа иницијативата на хотелиерите за подолга летна сезона и одложување на првиот школски час.

spiro-staroturski

Станува збор за специфична иницијатива која не зависи само од волјата на Министерството за образование и наука, па дури и од волјата на Владата. Треба да се консултираат и искоординираат повеќе општествени фактори и чинители. Следниот период ќе биде направена поширока анализа и координација и консултација со поголем број субјекти, врз основа на која потоа би можеле да процениме како би ја носеле одлуката, изјаци Спиро Ристовски заменик министер за образование додавајќи дека квалитетот на воспитно-образовниот процес секогаш ќе има приоритет.

sredno ucenici

Кој е вашиот став дали ни е потребен подолг летен распуст за учениците и дали тоа навистина ќе помогне во подобра туристичка сезона.