Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаУбиство во Пласница – внук му го скрати животот на деда си заради имот

Убиство во Пласница – внук му го скрати животот на деда си заради имот

СВР Битола поднесе кривична пријава против А.Ш. (21) и А.Н. (20) и двајцата од село Пласница поради постоење основано сомнение дека сториле кривично дело -“убиство“ предвидено и казниво.

Пред година и пол на 11.10.2014 година во период меѓу 20 часот до 22 часот и 30 минути двајца осомничени го нападнале и убиле 71 годишниот Риза А. Сите од село Пласница кои меѓусебно се познавале. Еден од напаѓачите со иницијали А.Ш му бил и внук на убиениот каде што живеел во иста куќа со Риза, а второ пријавениот А.Н често им идел на гости. Причината за таквиот немилосрден инцидент е тоа што старецот во повеќе разговори велел дека ќе се ожени со жена од Р.Албанија и дека целокупниот имот ќе го препиша на идната сопруга, внукот на овие разговори кои ги слушнал повеќе пати бил изреволтиран и се решил на најлошото – да го ограби и убие.

Случката започнала на 11 октомври 2014 околу 20 и 30 часот, осомничените се сретнале пред продавницата во с.Пласница, каде што тие двајцата се договарале како да постапат. Од плевната во дворот пријавените зеле копач и дрвена рачка од секира, а потоа од балконот преку вратата од истиот влегле во куќата. По кратко време утврдиле дека дедому на еден од осомничените се наоѓа во кујната. За да не бидат фатени, влегле во една од собите во домот и нашле женски марами со кои ги покриле сопствените лица со намера да не бидат откриени. Подоцна се упатиле кон кујната каде што се наоѓал убиениот, скриени го сочекале да излезе со послужавникот полн со филџан кафе и други намирници и првин го удриле во слепоочницата. Од ударот на жртвата му паднал послужавникот, по што почнал да се брани и успеал да му ја земе рачката од секирата. Но, по брзо време другиот од убијците му пришол од зади и со копачот го удрил по грбот. Старецот бил совладан и после неколку удари Риза А. починал на местото на настанот- информираат од МВР.

МВР додаде и дека двајцата другари по усмртувањето на старецот ја заклучиле влезната врата и веднаш се упатиле во собата каде што престојувал Риза. Барале пари, но не нашле ниту денар и вендаш преку терасата слегле во дворот, а воедно ги зеле и предметите со кои го извршиле кривичното дело.Преку нивите се упатиле кон реката Треска на место викано „Шаварите“, каде ги фрлиле предметите во реката.

По истрагата, во средата пријавените се приведени во ПС ОН Македонски Брод, кои во целост го признале и појасниле кривично дело без не многу бунење. Од страна на судија на претходна постапка на двајцата им е одредена мерка притвор во траење од по 30 дена.