Tuesday, Apr 16, 2024
HomeДЕНЕШНАСветУбиецот на полицајци во Луизијана член на црнечката „Нација на ислам“

Убиецот на полицајци во Луизијана член на црнечката „Нација на ислам“

Гевин Јуџин Лонг е напаѓачот кој вчера уби тројца полицајци во Батон Руж, Луизијана, додека пак во престрелката повредени беа уште седум полицајци. Тој е смртно застрелан од полицијата која сега го откри неговиот идентитет и особености.

Gavin-Eugene-Long9-1

Лонг бил член на црнечкото движење „Нација на ислам“ кое уште од 60-тите не било особено активно, ако се сеќавате на граѓанските немири во САД, тие беа едни од главните противници на црнечката сегрегација, а имаа милитантни ставови спротивни на Мартин Лутер Кинг.

Слично како и Мика Џонсон кој уби пет полицајци во Далас и Лонг е поранешен припадник на армијата на САД и служел за маринците од каде бил отпуштен со почести, но засега не се откриваат повеќе детали од неговото воено досие.

policajci luizijana

Гавин Јуџин Лонг е по потекло од Канзас, а на YouTube објавувал снимки во кои говори против „крекерите“ (навредлив термин за белото население ) и ја споменувал жртвата на Алтон Стерлинг, црнецот кој беше неодамна застрелан недолжен од полицијата во Батон Руж.

Напаѓачот им се восхитувал на црнечките лидери, особено од исламското движење како Малком Икс и Елајџа Мухамед, но и „Црните Пантери“ и Хју П. Њутон. Засега нема детали кој се и дали му помогал да ги изврши нападот.