Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаУбиецот на кучето во центар приведен од МВР

Убиецот на кучето во центар приведен од МВР

Вечерва е приведен скопјанецот кој попладнево уби куче пред кафулето „Радио бар“, пред очите на гостите и случајни минувачи.

Според очевидците, средовечниот маж, му се приближил на кучето и почнал да го удира со метална шипка, иако првичните информации беа дека го заклал со секира. Кога го прашале зошто го убил, им одговорил дека многу лаело.

По овој инцидент група на граѓани во револт се собираа и пред домот на приведениот.